17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

На протест со државното знаме – Маката ги обединува народите

НАЈЧИТАНО

На „Протестот за промени” кој ќе се случи во Сабота со почеток во 20 часот, ги повикуваме сите граѓани да понесат со себе државни знамиња, да се обединиме околу македонското сонце и да испратиме порака дека сме обединети сите луѓе во заложбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, и со тоа ќе дојдеме до промени. Испраќаме порака сите граѓани со себе да понесат државно знаме, македонското сонце, да демонстрираме одлучност дека само заедно можеме да ги менуваме работите, само обединети може да обезбедиме иднина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Црвено-жолтото знаме нè обединува во овие тешки моменти за државата. Илјадници знамиња да ги развиориме за обединување и за нова иднина. Да ги надминеме сите бариери, сите поделби кои власта ги наметнува и да кажеме илјадници грла во еден глас. Премногу е! Народот се одлучи за промени – се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дела маката, проблемите, инфлацијата, сиромаштијата, корупцијата, распаднатото здравство се работите кои ги засегаат сите луѓе во Македонија.

– И ова се подеднаквите проблеми кои ги обединуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Власите, и Бошњаците и сите останати – потенцираа од партијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО