5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

На површина излегоа одвратни детали од наводното силување за кое се сомничи Бразилецот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Дани Алвеш, најодликуваниот фудбалер на сите времиња, заврши зад решетки поради обвинувања за сексуална злоупотреба во ноќен клуб. Бразилскиот фудбалер е обвинет за сексуален напад врз 23-годишна девојка во тоалет ноќта меѓу 30 и 31 декември во Барселона.

Според каталонскиот весник Ел Периодико, надзорните камери откриваат дека Дани Алвеш и 23-годишната девојка поминале петнаесет минути во тоалетот, каде што наводно се случил сексуалниот напад.

Девојката го обвини познатиот фудбалер дека ја фатил за рака и ја влечел во тоалет. Таа се обидела да побегне оттаму, но Бразилецот ја затворил вратата и и го попречил патот. Несреќната девојка ги раскажала одвратните детали од целата ситуација, а по нападот завршила во болница каде и е извршен лекарски преглед.

23-годишната девојка не инсистира на пари, туку тврди дека само сака правдата да биде задоволена. Доколку шпанскиот суд го прогласи за виновен, бразилскиот фудбалер се соочува со затворска казна од 4 до 12 години.

Каталонскиот весник тврди дека собраните снимки и изјавите на сведоците не се совпаѓаат со ниту една од трите верзии кои 39-годишниот фудбалер ги изнесе во своја одбрана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Владата го смени името, но но не и планот

Владата воведува данок против оние форми кои енормно профитираа од кризите изминативе две-три години, само го нарекува со друго има, данок за солидарност. Имено, доколку државата...

И на МНР му „пукна филмот“

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија преку соопштение, со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република...

Груевски ја коментира ситуацијата со соседна Бугарија

„Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ...
spot_img
spot_img
spot_img