14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

На партискиот конгрес не дојде пратеникот Реџепи

НАЈЧИТАНО

На првиот конгрес на партијата Алтернатива не се појави пратеникот Скендер Реџепи, кој јавно истакна дека не е задоволен од политиката на лидерот Африм Гаши, како и учеството на партијата во работата на Владата на Република Македонија.

„Пред неколку дена јавно ги кажав моите ставови во врска со учеството на Алтернатива во Владата, како и моето незадоволство што не се спроведува ниту една точка од договорот. Посакувам што поскоро да се реализираат предвидените програмски определби бидејќи интересот на граѓаните треба да биде над личниот интерес. Моето неучество беше токму за да се избегне можноста од поделби и се очекува реакција од раководството за владината платформа“, изјави Реџепи.

Но, Гаши вели дека Реџепи не бил единствениот делегат кој не дошол и оти одлуката е лична.

„Беше поканет како и сите други делегати кои не дојдоа. Сите ги знаат причините, но поканата им беше врачена на секој посебно до секој партиски делегат“, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

За неспроведувањето на програмските точки за кои Алтернатива стана дел од Владата, како што за решавање на монтирани случаи и одредување датум за преговори со ЕУ, Гаши рече дека бил свесен за можноста за неспроведување и во моментот кога го направил договорот со поранешниот премиер Зоран Заев.

„И тој ден не бев сигурен дека секоја точка ќе се реализира. Она што сакав да го направам е дека како политичка партија ќе треба да бидеме транспарентни и да влеземе во Владата со пишани и објавени договори за граѓаните да знаат на што сме посветени, да ја следат нашата работа и колку точки сме реализирале. Во моментот кога ќе бидат распишани избори, ќе се појавам пред вас и ќе ви кажам за секоја точка, дали се реализирала или не и кои биле причините“, изјави Гаши.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО