16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

На падобранец му паднала опремата од авион, оштетена е куќа

НАЈЧИТАНО

Војнички ранец паднал од небото на кров од куќа вчера во Неготино, а се претпоставува дека предметот е ненамерно паднат од летечки објект, објави огранокот на парламентарната партија Левица од овој град.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо го потврдуваат инцидентот и откриваат дека е нанесена материјална штета која ќе биде надоместена.

– Вчера во ОВР Неготино, 35-годишниот Б.С. од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ке биде надоместена – велат од МВР.

Од Левица, пак, прашуваат што ако овој предмет паднел на место каде што има голема фрекфенција на луѓе?

„Во Неготино можеби нема вода, можеби нема ни соодветно осветлување по улиците, нема ниту инвестиции, но затоа пак во Неготино ни паѓаат ранци од небото! Вчера попладне, врз станбен објект падна неидентификуван предмет. И покрај брзата реакција на воената полиција и нашите ‘пријатели‘ од НАТО, сепак истото не остана незабележано од наши сограѓани. Се прашуваме, доколку паднал ранец од летечки објект, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално по животот и здравјето на неготинци? И што ако овој објект – предмет паднеше на место каде има голема фрекфенција на луѓе?

Немоќни да го заштитат и регулираат сопствениот простор како резултат на губење на суверенитетот, НИЕ бараме соодветните институции да сносат одговорност и да го расветлат случајот во најкраток можен рок“, соопшти Левица на Фејсбук.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО