More

    На бродот било пукано, не сакаа да кажат што барале во Украина

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Бугарските морнари од бродот „Царевна“, кој беше блокиран во украинското пристаниште Мариупол, со владин авион денеска слетаа на аеродромот во Варна, јави дописникот на МИА од Софија.

    – На парабродот сигурно имало воени дејствија. Има штета. Има над 10 удари, никој не може да ги изброи – вели член на екипажот, пишува 24 часа.

     

     

    Морнарите беа пречекани од членовите на нивните семејства и од премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Премиерот Петков им се заблагодари на сите институции, специјални служби и министерствата за перфектната организација на евакуацијата на бугарските морнари.

    Морнарите не сакаа да го коментираат учеството на бугарското воено разузнавање и специјалните сили во Мариупол. Исто така и Петков и Генчовска се воздржаа од коментари. Петков само наведе дека имало два обиди за евакуација на морнарите, но оти тие биле премногу опасни.

    Морнарите изјавија дека во пристаништето Мариупол биле во опасност, но откако биле евакуирани добро се однесувале со нив. Ги сместиле во хотел во Доњецк, а потоа бил обезбеден коридор за нивно заминување.

     

     

    Властите во Софија продолжуваат да работат на евакуација на морнарите од украинското пристаниште Черноморск, каде ситуацијата е многу помирна и во тој случај се водат разговори со сопственикот на бродот.

    Шест морнари од бродот „Рожен“ во Черноморск се евакуирани, а уште 11 други се на бродот.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Истражување: Вашата крвна група може да влијае на ризикот од ран мозочен удар

    Луѓето со крвна група А имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар пред 60-годишна возраст во споредба со луѓето со други крвни групи, покажуваат...

    Почина Ќиро Блажевиќ

    Легендарниот хрватски селектор Мирослав Чиро Блажевиќ почина во Загреб на 88-годишна возраст по долго и тешко боледување.Блажевиќ почина откако долго се бореше со малигна...

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img