На берзата „NEXO“ поминале 94 милијарди долари во трансакции

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути.

Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата „NEXO“, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела.

Во изминатите месеци, криптобанката имаше проблеми и во САД за работа без лиценца, но не и во Бугарија.

За еден од главните клиенти на криптобанката во Бугарија се наведува дека финансирал терористички акти.

Во текот на акцијата во Софија над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела. Пребарани се повеќе од 15 адреси поврзани со криптобанката. Платформата тргува со криптовалути на берзи во Британија, Швајцарија, САД и офшор дестинации.

– Се истражуваат активности на организирана криминална група, перење пари, даночни кривични дела, кривични дела поврзани со банкарство без потребна лиценца, како и компјутерска измама – изјави портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева.

Шемата на која работеше компанијата беше да ги привлече странските државјани да инвестираат во биткоини за многу високи каматни стапки.

– За последните пет години преку платформата поминаа повеќе од 94 милијарди долари како промет. Утврдено е и дека клиент на платформата финансирал терористички акти – рече Милева.

– Откривме над 3,6 милиони трансакции од и до крипто берзата Nexo – изјави Светослав Василев од Одделот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи.

Коосновач и управен партнер на Нексо е поранешниот пратеник во Реформскиот блок, Антони Тренчев. Меѓу оние кои биле на разговор во Обвиителството се директорот на Нексо, Коста Канчев и финансискиот директор Калин Методиев.

Продолжува потрага по повеќе лица, од кои дел се во Бугарија.

Нексо објави неколку пораки на Твитер, без да им прецизира на своите следбеници дека се кривично гонети.

Компанијата „NEXO“ објави соопштение во кое се вели дека се уште не им се претставени официјални документи кои недвосмислено би укажувале против нив.

„Меѓутоа, тоа се компензира со непотребни акции, со учество на лица кои одбиваат да се легитимираат и со часови не покажувале налог за претрес. Луѓе беа приведени без конкретни налози за нивно притворање. Се што се случи досега е во остар контраст со воспоставените законски и процедурални норми”, се наведува и во ставот на Нексо.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img