18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Најсовремен центар кој нуди интегриран пристап за здрав живот

НАЈЧИТАНО

Најмодерно опремениот центар за здрав живот во земјава заокружи една година од отворањето. Премиум спорт центар во рамки на „Аџибадем Систина“ нуди комплетно интегрирана грижа, физикална терапија, медицинска и спортска рехабилитација, совети за здрава исхрана, масажи, парна бања и финска сауна. По повод првиот роденден на Премиум спорт центар, месецов се реализираат низа спортски активности, попусти за членарини, како и бесплатни проверки на телесен состав за одредување на моменталната физичка подготвеност.

Уникатен пристап и комфор

Премиум спорт центарот е распространет на површина од 1 130 квадратни метри и е уникатен по ограничување на број посетители во одреден термин. Дозволена е посета на 10 лица по термин, за да им се овозможи на клиентите комфор, релаксација и приватност. Центарот е единствен и уникатен и по тоа што секој посетител пред да почне со вежбање прави физикален преглед и InBody scan (детален приказ на целото тело), со што се одредува степенот на моментална подготвеност на телото за почеток на тренинг и понатаму овозможува евалуација на резултатите од физичката активност. Дополнително, секој клиент поминува основен кардиолошки преглед и прави лабораториска анализа на крвта.

Придобивки од вежбањето 

Во динамичното секојдневје исполнето со предизвици, вежбањето е најмалку што можете да сторите за своето здравје. Покрај добриот изглед, вежбањето помага и за намалување на стресот, регулирање на шеќерот во крвта, намалување на триглицеридите, зголемување на HDL, односно добриот холестерол, подобрување на сонот и целосното расположение. Сите тренинзи се одвиваат под надзор на сертифицирани и искусни тренери со над 10-годишно искуство зад себе, а тимот е составен од 7 тренери, кои со своето богато искуство се постојано достапни за клиентите. Во центарот се нуди можност како за индивидуални тренинзи, така и за тренинзи со свој личен тренер со најсовремена опрема од реномираниот бренд „Техноџим“. Пристапот е професионален и е насочен кон програмирање на тренинзите на секој клиент посебно, а тренинзите можат да се одвиваат под мониторинг на физиотерапевтите, физијатрите и нутриционистите, благодарение на комплетно интегрираниот пристап што го нуди Премиум физикал терапи & спорт центарот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО