28.9 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Најмногу словенечки туристи на хрватското приморје за време на првомајските празници

НАЈЧИТАНО

Првомајскиот викенд привлече 175.000 туристи на хрватското крајбрежје. Меѓу нив имало 150.000 странски и 25.000 домашни гости. Најмногу, 72.000, дошле од Словенија, а потоа Хрватите, Германците, Австријците и Полјаците, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“. За време на минатогодишните првомајски празници, хрватското приморје го посетиле 48.000 гости, а во 2019 година 197.000.

Најголем дел од гостите за првомајските празници ја одбрале Истра каде отишле 75.000 патници. Кварнер го посетиле околу 28.000 туристи, во Сплитско-далматинската жупанија имало околу 20.000, во Задар и околината 16.000, а во областа Дубровник и Неретва околу 14.000. Од поединечните градови, најпопуларни биле Пореч, Ровињ, Дубровник, Умаг и Медулин.

Од почетокот на годината, според хрватскиот систем eVisitor, Хрватска е домаќин на 1,6 милиони туристи, кои создале пет милиони ноќевања. Ова е за 12 отсто помалку отколку во рекордната предпандемиска 2019 година, но многу повеќе од минатата година. Хрватска во првите пет месеци од годинава забележала 168 отсто повеќе пристигнувања и 149 отсто повеќе ноќевања отколку во истиот период лани.

Хрватска годинава забележа најмногу ноќевања во Истра, Кварнер и сплитско-далматинската жупанија. Од поединечните градови, најпосетувани биле Загреб, Дубровник, Ровињ, Сплит, Пореч и Опатија. Најмногу ноќевале домашните гости, а потоа Германците, Австријците, Словенците и Италијанците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО