17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес во Аваганистан

НАЈЧИТАНО

Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кој во 1:30 часот по локално време го погоди денеска Авганистан.

Како што јави Би-Би-Си, најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нангархар и Кост.

Претходно заменикот министер за справување со вонредни ситуации Шарафудин Муслим соопшти дека во земјотресот загинале 920 лица, а над 600 се повредени.

Земјотресот го погоди подрачјето на околу 44 километри од југоисточниот град Кост, на длабочина од 51 километар.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во опсег од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија.

„За жал, синоќа имаше силен земјотрес во четири окрузи на провинцијата Пактика, во кој загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и уништени десетици куќи“, напиша на Твитер владиниот портпарол Билал Карими.

„Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови во областа за да се спречи понатамошна катастрофа“, додаде тој.

Земјотресите, кои се чести во Авганистан, имаат тенденција да предизвикаат значителна штета во Авганистан, каде што има многу рурални области каде живеалиштата се нестабилни или се изградени според несоодветни стандарди.

Деценискиот конфликт ѝ отежна на сиромашната земја да ја подобри својата заштита од земјотреси и други природни катастрофи – и покрај напорите на агенциите за помош да зајакнат некои згради во текот на годините.

Во изминатите 10 години повеќе од 7.000 луѓе загинаа во земјотреси во земјата, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Во просек годишно има 560 смртни случаи од земјотреси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО