5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Најмалку 17 загинати на протести против новата претседателка Дина Болуарте

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Најмалку 17 лица загинаа во судирите меѓу перуанските безбедносни сили и демонстрантите кои бараат оставка од претседателката Дина Болуарте, соопшти народниот правобранител. Инциднетот се случил при обид на демонстрантите да упаднат во аеродром во југоисточниот дел на земјата.

– Потврдивме 17 смртни случаи денеска во Пуно за време на судирите со безбедносните сили во близина на аеродромот Хулиака, во област каде живее етносот Ајмара (американски индијански народ) во областа Пуно – изјави извор од канцеларијата на омбудсманот кој сакаше да остане анонимен.

Демонстрантите бараат оставка од Дина Болварте која ја презеде функцијата лидер на земјата по соборувањето на социјалистот Педро Кастиљо на почетокот на декември, како и нов парламент и итно одржување на изборите, чиј датум на одржување веќе е поместен од 2026 – за април идната година.

Регионот Пуно што граничи со Боливија, е центарот на протестите во земјата каде демонстрации има од 4 јануари. Протестите почнаа откако Кастиљо беше отстранет од парламентот и уапсен на 7 декември, кога се обиде да го распушти законодавниот дом што пратениците го опишаа како обид за државен удар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img