25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Најдобриот ресторан во светот се наоѓа на фудбалски стадион

НАЈЧИТАНО

Кога мислиме на ресторани со ѕвезди на Мишелин, првата асоцијација обично нема никаква врска со фудбалските стадиони, но кога станува збор за ресторанот Гераниум, тоа е неизбежно бидејќи се наоѓа токму внатре во стадион.

Национален фудбалски стадион на Данска е Паркен, исто така дом на ФК Копенхаген, но на неговиот осми кат е Гераниум, ресторан кој штотуку беше прогласен за најдобар во светот. Овој ресторан има прекрасен поглед низ огромните прозорци на блискиот зелен парк, пренесува магазинот City.

За жителите на овој град овој ресторан е институција повеќе од една деценија. Во 2016 година стана првиот дански ресторан со три Мишелин ѕвезди, а од 2013 година е на различни листи на најдобри ресторани во светот. Оваа година тој конечно стигна до првото место.

Покрај необичната локација и уредениот ентериер, овој ресторан е посебен и по тоа што не служи месни јадења, а исто така и по тоа што е отворен само четири дена во неделата. Доколку сте во Копенхаген и сакате да јадете нешто во овој ресторан, подгответе се – тој воопшто не е евтин. Проверете и кога се играат натпреварите, за да не наидете на бескраен прилив на навивачи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО