16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Најголемиот светски производител не дозволува продажба за воени цели

НАЈЧИТАНО

Најголемиот светски производител на комерцијални дронови, кинеската DJI, го прекина својот бизнис во Русија и Украина.

Технолошката компанија со седиште во Хангжу во источна Кина „внатрешно ги преиспитува барањата за усогласеност во различни јурисдикции“, стои во соопштението на нејзината веб-страница.

– Во очекување на тековниот преглед, DJI привремено ќе ги суспендира сите деловни активности во Русија и Украина – соопшти компанијата.

Украинските власти рекоа дека беспилотните летала на DJI би можеле да бидат безбедносен ризик и за војската и за цивилите, пишуваше Вол Стрит Џурнал.

Тие се сомневаа дека компанијата може да манипулира со уредите и изразија загриженост за употребата на дронови од руска страна.

DJI ги негираше наводите. Компанијата не дозволува продажба на дронови за воени цели, изјави нејзиниот портпарол за Вол Стрит Џурнал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО