24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Највозрасниот член на Стопанската комора доби благодарница

НАЈЧИТАНО

И во кризни ситуации постои решение. Важен е секогаш човечкиот капитал кој е непроценливо богатство на една компанија и кој треба постојано да се едуцира и надградува, изјави највозрасниот член на Стопанската комора  Коле Ангеловски  по добивањето на признанието од Стопанската комора.

Ангеловски кој има 90 години сѐ уште е активен во компанијата „Илино промет“ и своето искуство, знаење и вештини на водење на бизнисот секојдневно го пренесува на своите најблиски соработници. Праксата која ја има во својот 74 годишен работен стаж е непроценлива. Роден во с. Крушје, Ресенско, фирмата во 1991 година ја именува „Илино промет“ по соседното место до неговото родно село, Илино, кое се наоѓа под преубавата планина Галичица. И ден денес ги одржува сите бизнис релации со партнерите и постојано е на релација С. Македонија-Србија-Хрватска и земјите од регионот.

Признанието од Комората му го предаде потпретседателката  Јелисавета Георгиева Јовевска. На средбата се дискутираше за повеќе области меѓу кои за потребата и недостатокот од квалификувани стручни кадри според потребите на стопанството, за проблемите околу дозволите за вон-габаритен превоз, големите такси кои црната и обоена металургија ги има и кои како Здружение при комората прави напори за надминување на истите преку постојаната соработка со надлежните државни институции, пофалбата до Владата за навременото враќање на ДДВ, како и бенефитите од одличната соработка посебно во времето на пандемијата со ковид-19 со Управата за јавни приходи, соработката со Царината и успехот со концептот на домашно царинење, како и поддршката и соработката со Македонски шуми во делот на нивната компанија од дрвната индустрија.

Ангеловски ја истакна важноста од поддршката на банките кои во услови на зголемени инвестиции и извоз ги пратат и поддржуваат компаниите и ја подвлече исклучително добрата соработка и поддршката од домашните компании како што е „Макстил” Скопје кој им е главен поддржувач во реализација на извозните ангажмани за изградба на мостови  во Германија и Холандија  и нивната поддршка при испораката на челични производи.

Тој рече дека многу е важна поврзаноста со домашните компании и свртувањето едни кон други посебно во овие услови на работење испреплетени со предизвици предизвикани дополнително и од воените дејствија во Украина.

Ангеловски порача дека само заедништвото и синергијата, поддршката од сите инволвирани страни и институции и напорната работа се формулата за успех посебно во овие времиња на работење исполнети со предизвици и непредвидливост.

„Илино Промет“ Скопје е приватна компанија која е основана во Скопје во 1991 година со основна дејност-трговија со црна и обоена металургија. Фирмата е активна членка на Стопанската комора на С. Македонија и е една од топ 100 извозни компании од РСМ. Во 2007 година се проширува со подружница „Илино Промет“ Кавадарци со дејност во дрвната индустрија. Во својата пилана која се наоѓа во Кавадарци изработува трупци, палети, паркет и др. производи од резана граѓа. Најголем дел од своите производи – трупците ги извезува. Во еден период најчесто извезуваше во Оман каде имаше сигурен партнер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО