24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Најавен е мирен протест на УКИМ пред Владата

НАЈЧИТАНО

Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.

– Платите на вработените на УКИМ се исклучително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес – соопшти Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ.
На 2 јуни Сојузот одржа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ, на кој беше побарано Владата да обезбеди зголемување на платите.

Во најавата за протестот пред Владата, Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и граѓаните да им дадат поддршка за обезбедување подобри услови и квалитет во високото образование и враќање на угледот на УКИМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО