24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Начинот на кој се водеше спорот со Македонија е еден од трите клучни фактори за паѓањето на Владата предводена од бугарскиот премиер Кирил Петков

НАЈЧИТАНО

Начинот на кој се водеше спорот со Македонија е еден од трите клучни фактори за паѓањето на Владата предводена од бугарскиот премиер Кирил Петков, вели лидерот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков.

Во изјавата за Плусинфо, тој појаснува дека темата Македонија често се злоупотребува во Бугарија, со цел да се прикријат други негативни работи во политиката и во општеството.

– Сепак, не треба да одиме во другата крајност и да мислиме дека Македонија не им е битна на Бугарите. Околу тоа прашање се обединуваат националистичките сили и тоа е мошне силен фактор во политичките кругови. Затоа можеме слободно да тврдиме дека на Владата на Кирил Петков ѝ беше изгласана недоверба делумно и поради незадоволството од неговото водење на спорот со македонската влада – вели првиот човек на организацијата, која со децении се обидува да се избори за малцинските права на Македонците во Бугарија.

Стојков потенцира дека главната причина за рушењето на премиерот Петков, сепак е борбата со корупцијата, која според него е навлезена во сите пори на бугарското општество.

– Беше предвидено во наредниот период во Народното собрание на дневен ред да дојде гласањето за измена на неколку закони, со кои ќе се овозможи телата на Европската Унија да учествуваат во борбата со корупцијата. Бугарија е шампион на Европа по стапката на корупцијата и државата без помош од надвор нема шанси самата да се справи со мафијата, па затоа и се прави обид да се добие помош од ЕУ – додава тој.

Третата причина за изгласување на недоверба на Владата, според Стојков е влијанието на руската политика во Софија.

– Не смееме да го занемариме ниту руското влијание, кое во Бугарија е традиционално силно. Русија е во непријателски односи со ЕУ и на Москва секако дека ќе ѝодговара да види нестабилност во една земја на ЕУ. Тоа е третата причина за паѓањето на Владата – заклучи Стојков.

Лидерот на ОМО Илинден Пирин предвидува дека во текот на летото Бугарија ќе биде предводена од техничка влада, додека нови парламентарни избори ќе бидат распишани на есен.

Се прашуваме дали по падот на Петков во Софија, истото би можело да му се случи ина Димитар Ковачевски во Скопје?

Од редовите на помалите коалициски партнери во владејачката коалиција (ДОМ, ЛДП, ДС) беше испратено предупредување дека тие ќе ја напуштат власта, доколку Ковачевски го прифати т.н. „француски предлог“, кој од повеќе места е оценет како крајно штетен за државата и за нацијата. Тоа би означило крај за владеењето на премиерот Ковачевски, чија Влада и онака цело време опстојува на мошне „тенко“ мнозинство

Сепак, поранешниот амбасадор на Македонија во Софија, Марјан Ѓорчев, не е сигурен дека може да од ист агол да се гледа на случувањата во Бугарија и во Македонија.

– Не сум сигурен дека и во Македонија така брзо ќе се одвиваат настаните како во Бугарија. Нивното општство е далеку подинамично од нашето. Треба прво да сочекаме и да видиме како ќе се развива ситуацијата. Тоа ќе трае до крајот на јуни, па дури тогаш ќе може да знаеме што прифатил или што не прифатил премиерот – вели Ѓорчев.

Сепак, тој е претпазлив со изјавите на лидерите на ДОМ, ЛДП и на ДС и не е баш убеден дека тие ќе си стојат на зборот.

– Познавајќи ги политички субјекти во таа коалиција, не верувам во такви најави. Тоа се практични луѓе, кои мошне свесно учествуваат во власта од исто така практични причини. До сега неколку пати слушнавме како се закануваат дека ќе ја напуштат коалицијата, па на крајот ништо не испадна од тоа – додава Ѓорчев.

Пред патувањето во Брисел на Министерскиот совет, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, се огласи на Фејсбук порачувајќи дека владата формално нема добиено предлог што е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки на ЕУ. Каков и да е, за нас е прифатлив, како што вели премиерот, само доколу има чиста формулација за македонскиот јазик, преговорите да почнат пред внесување на Бугарите во Уставот, а за историјата вели само доколу таа не биде критериум во преговарачката рамка.

„Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет; историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка; преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот; цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сè уште не е усогласен со Бугарија; секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија“, наведе Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО