Националниот парк „Галичица“ треба да е без дивогради, а градот да понуди можности за младите

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Дивоградбите во Националниот парк „Галичица” се многу важно прашање во контекст на зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, прашање кое навлегува во сржта на владеењето на правото, порача амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир.

Одговрајќи на новинарски прашања во рамките на денешната посета на Охрид, евроамбасадорот, кој ја предводеше делегацијата со амбасадори на земји членки на Унијата во земјава, нагласи дека нелегалната градба веднаш треба да запре.

– Нелегалната градба треба веднаш да се запре по дефиниција, затоа што претставува повреда на владеењето на правото што значи дека веднаш тоа треба да прекине. Особено во вакво подрачје кое што е познато по својата природна убавина нелегалното градење автоматски претставува закана за таа природна убавина. Е тоа е она што УНЕСКО постојано го повторува – изјави Гир.

Цврсто веруваме во важноста на Охрид поради неговата исклучителна природна убавина и извонредното културно наследство. Но, истовремено ни е јасно дека Охрид треба да биде град што ќе нуди можности и вработување посебно за своите најмлади граѓани, рече Гир, откако се запознаа со реализацијата на повеќе проекти финансирани преку програми на Европската унија.

Токму поради тоа, нагласи Гир, соработуваат со сите категории, властите на централно и локално ниво, граѓанските организации и бизнис секторот за, како што рече, да дадат што повеќе можности во Охрид.

– За да се осигураме дека Охрид успева да ја исполни обврската да го заштити своето извонредно природно и културно наследство заедно со УНЕСКО, а исто така да биде и град каде ќе има можност за живот – рече ѕој, по презентацијата на проектот Касарна – Хаб, простор кој нуди повеќе можности за граѓаните.

– Ова е јавен простор и треба да се осигураме дека јавните простори се користат и граѓаните имаат пристап до нив и можат да ги уживаат. Втората работа е иновативноста, има многу луѓе во градот и земјата, кои имаат одлични идеи како може ова да стане по конкурентно да се отворат нови работни места и сакаме да им дадеме простор да ги реализираат и развијат тие идеи, истакна евроамбасадорот.

За него многу важно е да се слушне и ставот на локалното население.

– Локалците најдобро се запознаени со своето опкружување и можат да дадат најдобри насоки, како може да се искористи тоа на најдобар начин. И затоа ни е особено важно што сме тука во Касарна – ХАб, центар кој е отворен минатиот јули, но веќе станува лидер во однос на работите што ги прави за заедницата, рече Гир, изразувајќи надеж дека локалните власти заедно со граѓанското општество, бизнисите и младите, заеднички ќе соработуваат, ќе се спојат за од овој центар да направат успешна приказна.

Амбасадорите имаа средба и со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на која, како што информира градоначалникот, биле запознаени со тековните и идни проекти кои би можеле да бидат поддржани од Унијата.

– Како најзначаен проект беше изградбата на канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во село Трпејца. Пред присутните амбасадори имав чест да ги презентирам нашите ангажмани во изработка и реализација на проектите меѓу кои се зачувување на автентичниот изглед на централното градско подрачје за кое имаме предвидено унифицирана урбана опрема, за што веќе се предвидени финансиски средства во буџетот на Општина Охрид. Ги запознав и со постапката за реконструкција на плоштадот „Чинар” и со изработката на проектот за реконструкција на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски”. Целта на овие проекти е враќање на некогашниот препознатлив и специфичен лик на градот – истакна Пецаков.

Тој ја презентирал и визијата на локалната самуоправа за намалување на сообраќајот во централното градско подрачје, за што имало проекти за проширување на мрежата на велосипедски патеки, а во завршна фаза било прибирањето на потребните одобренија за изградба на катна гаража.

Охридскиот градоначалник ги запознал и со заложбите на Општината за зачувување на статусот од УНЕСКО преку конкретни проекти, како работење на Планот за управување со Охридското сливно подрачје и заложбите за носење на нов Генерален урбанистички план кој ќе биде во согласност со Планот за управување на Охрид.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Силен ветер во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа. „Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната...

Пендаровски вели дека територијалните претензии станале секојдневие

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, наведува претседателот Стево Пендародвски во реакција на...

Пронајдени се живи четворица исчезнати на Кожуф

„Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img