14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Научниците возбудени, ќе произведуваме кислород на Месечината

НАЈЧИТАНО

Научниците успеаја да пораснат растение познато како „глувчешко уво“ или арабидопсис во 12 грама почва која е донесена од Месечината, а која им билa обезбедена од НАСА. Растението е покревко од истото такво ригидно цвеќе кое го имаме на Земјата, каде што тоа обично расте во Африка или во Евроазија, но системот функционира, пишува 24сата.

Пресреќни сме!

Научниците имале на располагање по еден грам лунарна почва во повеќе мали тегли во кои додавале некои хранливи материи, вода и семе од арабидопсис.

По само три дена, растенијата никнале и биле споредувани со растенија одгледувани во контролирана почва земена од вулканска прашина, која по структура и состав најмногу наликува на онаа на Месечината.

– Сè никна. Не можам да ви кажам колку бевме среќни! – изјавила  Ана-Лиза Пол, член на истражувачкиот тим и професор по хортикултурни науки на Универзитетот во Флорида.

 

 

Бавен раст, закржлавен корен и безбојно тело

Сепак, по шест дена разликата била забележлива бидејќи растенијата одгледувани во лунарната почва биле помалку крути во споредба со оние растени на вулканска почва. Резултатите покажале дека „месечевите“ растенија растеле побавно и имале закржлавени корени и лисја, а некои имале безбојна пигментација.

Разликите меѓу растенијата одгледувани во лунарната почва може да се објаснат со тоа што НАСА не ги земала примероците од почвата од исти делови на Месечината, па растенијата во т.н. зрела почва на Месечината покажале најмногу знаци на стрес, што може да се должи на фактот дека таквата почва е најмногу изложена на космичко зрачење.

Кислород за луѓето на вонземска почва

Растенијата што биле одгледувани на помалку „зрела“ почва затоа биле нешто потрајни. Професорката Пол вели дека растенијата морале да ги користат нивните генетски одбранбени механизми за да ги ублажат металите, солите или оксидативниот стрес на кои биле изложени, што е потврда дека времето кога растеле растенијата во лунарната почва било навистина стресно за нив.

Сепак, без разлика на ова, доказот дека растенијата можат да растат на вонземска почва е голем чекор во многу правци, а научниците се крајни оптимисти и ентузијасти во врска со тоа. Најочигледните импликации се секако дека, кога би било можно да се одгледуваат растенија на самата Месечина, тие би можеле да се користат како складишта за храна за астронаутите, но и да произведуваат кислород, па Месечината би служела како станица за подолги мисии во вселената.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО