14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Наскоро се ќе биде јасно: Симпсонови откриваат како ја „предвидувале иднината“

НАЈЧИТАНО

Во претстојната епизода од анимираната серија, Симпсонови конечно ќе откријат како ја „предвидуваат иднината“.

Создадена од Мет Гронинг, серијата е на екраните повеќе од три децении, за првпат емитувана на 17 декември 1989 година, што ја прави најдолгата американска телевизиска серија во ударен термин.

Од предвидување на кризата на трошоците за живот во ОК до Доналд Трамп како претседател на САД, па дури и пандемијата, писателите јасно знаат нешто што ние не знаеме, пишува cdm.

Сценаристот и продуцент на серијата, Мет Селман, неодамна изјави за Deadline дека претстојната епизода од 34-та сезона ќе открие сè.

„Имаме уште една луда концепт епизода која објаснува како Симпсонови ја знаат иднината. Тоа е концептуална епизода со многу луди работи во неа, но објаснува како можам да ја предвидам иднината“, рече тој.

Зборувајќи за тоа како после толку време продукцискиот тим успева да ја одржува серијата толку свежа, Селман рече:

„Тоа е нашиот најголем креативен предизвик, осигурувајќи се дека секоја епизода е единствена и посебна и има нешто свежо да каже.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО