2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Наскоро нов тип на шприц за подобра вакцинација

НАЈЧИТАНО

Белгиската компанија Идевакс направи нов вид шприц за вакцини, така што помала доза ќе биде доволна благодарение на таа специјална инјекција која течноста ќе ја инјектира плитко под кожата, објави порталот Фокус на Белгија.

Компанијата Идевакс, основана на крајот на 2020 година, е специјализирана за развој, производство и маркетинг на иновативни медицински помагала применливи во областа на вакцинацијата.

Фирмата во Антверпен сега има за цел да го промени начинот на администрирање на вакцините благодарение на новиот тип на шприц кој штотуку е патентиран.

Вакцините обично се инјектираат интрамускулно (во мускулите) или субкутано (под кожата).

Според претходните студии за давање вакцини против сезонски грип и хепатитис Б, беше откриено дека би била потребна многу помала доза на вакцина доколку се инјектира плитко под кожата. Експертите изјавија дека на овој начин ќе се постигне ист опфат со вакцинација.

Белгискиот шприц има кружен пластичен врв во кој има микро-игла.

Со притискање на подлактицата кожата малку се подигнува нагоре и микроиглата може да навлезе под кожата и брзо да инјектира мала доза вакцина, додава белгискиот портал, наведувајќи дека овој нов вид на инјектирање треба да се пушти на пазарот многу наскоро.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО