2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

НАСА: Русија собра украинско жито во вредност од една милијарда долари

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Оваа година Русија собра жито во вредност од приближно една милијарда долари на украинските полиња, објави американската вселенска агенција НАСА.

Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „не под украинска контрола“, објави НАСА Харвест, програма на агенцијата за безбедност на храна и земјоделство, а пренесува германската агенција dpa.

NASA Harvest во соработка со неколку партнерски институции користеше сателитски податоци и моделирање за истражување.

Вкупно, годинава на територијата на Украина се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е помалку од минатогодишната рекордна жетва од 33 милиони тони, сепак количината е блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.

Украина немаше пристап до 22 отсто од житото во источниот дел на земјата поради тековната руска инвазија.

Севкупно, 88 отсто од минатогодишните зимски култури се собрани во области кои не се под украинска контрола, според НАСА. Неожнеаното жито најчесто се наоѓа на полињата во близина на границата на конфликтот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img