18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

НАСА избра две компании кои ќе направат нови комбинезони за астронаутите на Месечината

НАЈЧИТАНО

Американската аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) во средата објави дека им наредила на две компании – “Axiom Space” и “Collins Aerospace” – да развијат вселенски одела, кои идните астронаути ќе ги носат на Месечината.

Овие одела ќе се користат и за Меѓународната вселенска станица (ISS), заменувајќи ги сегашните кои се во употреба веќе четириесет години.

„Во овие комбинезони (за астронаутите) ќе се пишува историја“, изјави за новинарите Ванеса Вајч, директорка на вселенскиот центар Џонсон, „бидејќи тие одела ќе ги носи првата обоена личност и првата жена што ќе стапне на Месечината“.

НАСА првично планираше сама да развие нови одела, но тоа беше значително одложено, па одлуката да ја довери работата на две компании потврдува дека агенцијата, како и во последните години, систематски се одлучува за јавно-приватно партнерство.

„Тоа ни овозможува да заштедиме пари бидејќи споделуваме инвестиции“, рече Вајч.

Двете компании инвестираат „значителна сума од сопствени пари“, се вели во соопштението на НАСА.

Детали од договорот се уште не се откриени, но програмата има „плафон“ од 3,5 милијарди долари за услугата што ќе се дава до 2034 година.

НАСА го задржува правото да избере само една од двете компании на крајот, или да се определи за двете, па дури и да додаде други. Но, компаниите ќе останат сопственици на оделата и ќе бидат одговорни за нивното одржување.

Аксиом Спејс, кој веќе испрати „вселенски туристи“ на Меѓународната вселенска станица со приватно летало, планира да изгради своја вселенска станица, па и онака ќе и бидат потребни вселенски одела за идните клиенти.

„Планиравме да го направиме оделото како дел од нашата програма, па затоа е фантастично да се искористи долгогодишното искуство на НАСА“, изјави шефот на Axiom Space, Мајкл Сафредини.

НАСА детално опиша голем број потреби и барања, како за оделата за работа на Месечината, така и за „модната линија“ за патувања во ниската орбита околу ISS.

Овие две средини не го претставуваат истиот предизвик за „модните дизајнери“ бидејќи, на пример, тежината на оделото не е проблем во бестежинска состојба во орбитата околу Земјата, додека мора да се земе предвид влијанието на прашината на Месечината.

На двете компании останува да одлучат дали тоа ќе биде еден комбинезон за двете намени, или два различни.

„Целта е да им се овозможи на оние кои носат костуми што е можно поголема мобилност“, резимира Ден Бербанк од Колинс Аероспејс, кој и самиот е поранешен астронаут.

Двете компании планираат да покажат дека ги исполнуваат сите услови во 2025 година, кога се планира „Артемида 3“ – повторно слетување на луѓе на Месечината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО