20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Народното собрание на Бугарија донесе историско решение, останува на Македонците да кажат дали сакаат да влезат во ЕУ

НАЈЧИТАНО

Премиерот на Бугарија во оставка, Кирил Петков на својот Твитер профил денеска напиша дека Народното собрание донесе историско решение, што дава зелено светло на францускиот предлог за приклучување на Северна Македонија во Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија.

„Интеграциите на Западен Балкан се од стратешки интерес за ЕУ“, пишува Петков.

Бугарскиот премиер потоа пред новинарите во Брисел изјави дека Народното собрание донело навистина одговорна одлука и се заблагодари на министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчова, „која јасно стави до знаење и покрај притисокот од партијата што ја номинираше, дека тоа е најдобро решение“.

– Ѝ благодарам на Генчовска за храброста и покрај коментарите на Слави Трифонов – додаде Петков.

Според него, 170 гласови од 240 е потребната поддршка за ваква одговорна одлука.

Тој додаде дека европските лидери заклучиле оти Бугарија го направила својот чекор и оцениле дека оваа одлука е поддржана од француската Влада и ЕУ и како што посочи Петков, „сфаќаат дека бугарските барања стануваат европски“.

Според бугарскиот премиер во оставка, време е Владата на Република Северна Македонија да ја води својата нација.

– Во моментов останува на нив да кажат дали сакаат да бидат дел од ЕУ и дали се подготвени да ги преземат чекорите за тоа да стане реалност – заклучи Петков.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО