4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Напролет ќе почнат разговори за отворање на пазарот на труд

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Владата планира да почне процес на отворање на пазарот на труд за странци. Разговорите за ова прашање од суштинско значење за натамошното опстојување на голем број компании кои се соочуваат со недостиг на работна сила и бараат да се овозможи увоз на странски работници, ќе почнат наредните месеци.

Ова го најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 годинакако да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ организирана од Стопанската комора.

– Конечно мораме да зборуваме за отворање на нашиот пазар на труд Моја заложба е на пролет оваа година да ја отвориме целосно дискусијата како и Оперативниот план за вработување за квотата за странци во нашата земја. Сметам дека е време да го отвориме нашиот пазар на труд, со цел, зголемување на конкурентноста а знаеме дека за зголемување на конкурентноста клучен е човечкиот фактор – рече Битиќи.

Според него, истовремено треба да се работи и на зголемување на продуктивноста на трудот.

– Краткорочна цел во која треба да гледаме, а која ќе има долгорочни ефекти е покачување на продуктивноста и соодносот со платите – рече Битиќи.

Тој се осврна на неколку краткорочни и долгорочни периоритети за да се одржи економскиот развој на земјата.

– Имаме неколку краткорочни приоритети на кои работиме веќе од вчера, денеска, утре. Првиот е намалување и одржување на стапката на инфлација, без притоа економијата да влезе во рецесија. Вториот приоритет е енергетска стабилност и диверзификација, притоа не заборавајќи на социјалниот аспект или праведната транзиција, како никој не би бил оставен изложен на ценовен шок и незаштитен. На ова работиме посветено и резултатите се веќе видливи, да не ги повторувам ги спомена и премиерот во своето обраќање – рече Битиќи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img