16.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Нападите го нарушија функционирањето на централата

НАЈЧИТАНО

Украински агенти диверзанти испратени од Киев ги кренале во воздух високонапонските далноводи што ги користи нуклеарната централа во градот Курск во западна Русија, блиску до границата со Украина соопшти руската Федерална служба за безбедност, ФСБ, јавува РТ.

Експлозиите, кои се случија на 4, 9 и 12 август, „доведоа до нарушување… на функционирањето на нуклеарната централа“, соопшти ФСБ, алудирајќи на денешната и неколкуте други експлозии на полуостровот Крим.

Од ФСБ велат дека е покрената истрага за тероризам и дека е во тек потрагата по виновниците. Безбедноста на нуклеарните локации во Русија е зајакната.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека украински агенти разнеле воено складиште во близина на градот Џанкој на Крим. Се додава дека се оштетени далноводи, железница и неколку домови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО