16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Намалување од речиси две третини од целиот гас за Германија, односно 60 отсто беше извршено од страна на рускиот гигант „Газпром“

НАЈЧИТАНО

Намалување од речиси две третини од целиот гас за Германија, односно 60 отсто беше извршено од страна на рускиот гигант „Газпром“ во последните два дена. Денеска компанијата ќе испорача само 67 милиони кубни метри плин, поради наводно доцнење на работите околу поправката на цевководот „Северен тек 1“, јавува ДојчеВеле.

Според одговорот на „Сименс Енергџи“ од Германија, се работи за плинска турбина, чиј ремонт е вршен во Канада, но таа не може да биде вратена од Монтреал поради санкциите против Русија.

Но, според германскиот министер за економија Роберт Хабек зад најавата на Газпром не се кријат технички проблеми, туку очигледно „стратегија за предизвикување немир и покачување на цените“.

– Моментално, гас на пазарите има, но цените се повисоки – изјави тој.

Министерот очекува натамошни редуцирања на  испораката на гас од страна на Русија.

– Ова не е конечно, допрва почнува.

Портпарол на енергетскиот концерн Унипер синоќа соопшти дека вчера стигнале 25 проценти гас помалку од договореното:

– Засега, изостанатите количини ги дополнуваме од други извори, во постојан контакт сме со германската влада – вели тој.

И Италија, според наводи од тамошниот енергетски концерн „Ени,“ вчера (15.06.) добила помалку гас од Русија.

– Газпром најави за денеска ограничено намалување на испораката на плин за 15 проценти, без образложување на причините – изјави портпарол на „Ени“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО