24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Надал призна дека не може да игра како порано

НАЈЧИТАНО

Рафаел Надал кажа како се чувствува по мечот со Стен Вавринка на егзибицискиот турнир во тенискиот клуб „Харлингем“ во Лондон.

За Шпанецот, кој беше подложен на третман на левото стапало, ова е единствен турнир на трева пред Грен слемот Вимблдон. Надал во првиот меч го победи Вавринка.

– Не сум играл на трева долго време. Не бев во можност да го сторам тоа од 2019 година. Прво поради пандемијата, потоа поради повредата. Затоа, јас сум многу среќен. За мене е многу добро што ќе одиграм неколку натпревари пред Вимблдон. Одамна играв во „Квинс клуб“, но сега сум постар и не можам да играм толку многу натпревари. И да се одиграат неколку натпревари пред Вимблдон е идеално. Барем ќе се добие некој натпреварувачки ритам за тревна подлога -изјави Надал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО