20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Надал го откажа учеството во Монтреал

НАЈЧИТАНО

По Новак откажа и Рафа. Надал, сопственикот на 22 грен слем титули, нема да игра на турнирот од Мастерс серијата во Монтреал (8 – 14 август).

Причината е што Шпанецот се уште се опоравува од повредата на стомачниот мускул со која се здоби на Вимблдон. Во четвртфиналето на најпрестижниот турнир, Надал и покрај големите болки го совлада Тејлор Фриц, но потоа реши да му го предаде мечот на Нико Кирјиос.

Иако помина речиси еден месец, Надал се уште има проблеми. Шпанскиот ас напиша дека се уште чувствува болка при сервирањето.

Оваа одлука поттикна уште повеќе сомнежи дека тој ќе се опорави до УС Опен, кој започнува во Њујорк на 29 август. Надал во досегашната кариера четири пати го освојуваше трофејот во Големото јаболко и по Ролан Гарос тоа му е најуспешен грен слем турнир.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО