8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Навални вели дека е против војната на лудиот цар

НАЈЧИТАНО

Затворениот руски опозиционер Алексеј Навални, на Твитер објави свое видување за војната во Украина и ситуацијата во Русија.

Навални во затворот нема пристап до интернет и се претпоставува дека твитот му диктирал на својот адвокат.
– Не можеме да бидеме кукавици кои се преправаат дека не ја гледаат агресивната војна на лудиот император. Ние – Русија сакаме да бидеме нација на мирот. За жал, малкумина можат да нè наречат сега така. Но, во најмала рака можеби нема да станеме нација на исплашени, замолчени луѓе. Кукавици кои се преправаат дека не ја забележуваат агресивната војна што ја води лудиот цар против Украина – напиша Навални.

Тој додаде дека „не може, не сака и оти нема да молчи и гледа како псевдоисториски настани од пред сто години се изговор Русите да убиваат Украинци, а тие бранејќи се, убиваат Руси“.

– Во 20-тите од 21 век гледаме вести за луѓе кои горат во тенкови и бомбардирани куќи. Ги гледаме на телевизија заканите за започнување нуклеарна војна. Јас сум од СССР. Таму сум роден. Главната фраза на СССР од моето детство беше „борба за мир“. Ги повикувам сите да излезат на улица и да се борат за мир – посочи Навални.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО