14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Мукаетов ги пречека ракометарите шампиони

НАЈЧИТАНО

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ги дочека ракометарите и стручниот штаб, лично им честиташе и им посака среќа откако го освоија ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, триумфирајќи во финалето против Швајцарија во неделата.

Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа убедлив турнир, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетските Европско 2024 и Светско првенство 2023.

Овој пласман беше главната цел на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради огромниот влог за идните кадетски собири. Откако Стојановиќ и своите пулени ја исполнија целта, по враќањето во Македонија имаа свечен прием во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Мукаетов не криеше дека е воодушен од успехот и дека, пред сѐ, е горд на младите репрезентативци на Македонија. Тој ги поздрави со пригодни зборови:

– Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Вам ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум ви благодарен. Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме како досега. РФМ ќе побара од Управниот одбор ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари. Уште еднаш ви благодарам и ви посакувам уште многу вакви резултати и успеси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО