Мравките можат да намирисаат рак во урината

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Познато е дека неколку видови рак го менуваат мирисот на урината, но новите сознанија говорат дека мравките може да ја детектираат оваа промена. Затоа, научниците посочуваат дека овие инсекти би можеле да се користат како исплатлив начин за идентификување на рак кај пациентите.

„Мравките може да се користат како биодетектори за да се разликуваат здравите индивидуи од оние со тумори. Лесни се за тренирање, брзо учат, многу се ефикасни и не се скапи за чување… Бевме изненадени колку мравките се ефикасни и сигурни во овој поглед“, вели етологот Патриција д’Етор од Универзитетот Сорбона во Париз.

За време на истражувањето, научниците изложиле 70 мравки (formica fusca) на примероци од урина од здрави глувци и од такви со тумори. Така, мравките успеале да го разликуваат мирисот на урината на здравите глувци од онаа на тие со рак.

Во следната фаза од научните испитувања, ќе се истражува дали мравките можат да го направат истото со човечка урина. Претходните истражувања покажаа дека и кучињата, доколку се обучени, можат да откријат рак во урината. Исто така, постојат електронски уреди кои можат да откријат одредени видови на рак – како што се ракот на мочен меур, дојка или простата, од примероците на урината.

Истражувањето, под наслов „Мравките како биодетектори за мирис кај тумори” е објавено во списанието „Ројал сосајети” (Royal Society B: Biological Sciences).

Фото: Pexels

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img