8.9 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Москва ќе го постави како услов во преговорите

НАЈЧИТАНО

Укинувањето на санкциите наметнати на Русија треба да бидат дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видео врска за нацрт за евентуален договор – истакна Лавров.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на инвазијата на 24 февруари инсистира западните санкции кон Русија да бидат посилни и истите да не бидат дел од преговорите.

Киев вчера предупреди дека разговорите за ставање крај на руската инвазија, која веќе е во трет месец, се во опасност од колапс, пренесува Ројтерс.

Последните преговори помеѓу Украина и Русија лице в лице од 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли обвинувањата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО