2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Москва тврди дека централата Запорожје останува под руска контрола

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола, објави управата на окупираниот руски град Енерходар откако висок украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да заминат.

„Медиумите активно шират лажни информации дека Русија наводно планира да се повлече од Енерходар и да ја напушти (нуклеарката)“, објави на Телеграм руската управа.

Претходно, директорот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија изјави дека постојат знаци дека руските сили можеби се подготвуваат да ја напуштат нуклеарна централа Запорожје, што ја зазедоа во март.
Главниот штаб на украинските вооружени сили објави дека на крајот на минатата недела украинските сили уништиле шест единици руска воена опрема и оти околу триесет руски војници биле повредени во борбите кај Енерходар.

Голем број вработени во нуклеарната централа живеат во блискиот град Енерходар, кој е под руска окупација од првите денови на инвазијата.

Во септември, рускиот претседател Владимир Путин ја започна анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје, каде што неговите сили тврдат дека имаат делумна контрола, потег што Киев и неговите западни сојузници го осудија како незаконски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Италијанците се против, „да не се мешаат политиката и музиката“

Планираното гостување на украинскиот претседател Володимир Зеленски на најголемиот италијански шоубиз настан, фестивалот на песната Санремо, привлекува меѓупартиски критики во Италија, пишува Ројтерс. Реакции има...

Путин никогаш не му се заканил со проектил

Кремљ го нарече Борис Џонсон лажго и ги негираше тврдењата на поранешниот британски премиер дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил дека ќе...

Приватниците си ги бараат парите, ако нема средби излегуваат на улица

Приватните превозници кои утрово протестираа пред зградата на ЈСП Скопје, доколку во следниот период не остварат средба и не се договорат за начинот на...
spot_img
spot_img
spot_img