4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Москва со критики до новиот претседавач на ОБСЕ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ го одбра Киев за своја прва дестинација, ја прифати пропагандата на режимот во Киев и во своите изјави воопшто не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, реагираше Амбасадата на Руската Федерација во Скопје со објава на својот службен профил на Фејсбук.

„Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи вчера во Украина шпекулираше за ‘жртви на руската агресија‘, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев. Но, кога пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините“, пишува во објавата на руската амбасада.

Оттаму уште реагираат дека Османи досега не споменал, како што велат, жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници.

„Се работи за луѓето“, велите? – пишува во реакцијата од амбасадата.

Османи за време на посетата на Украина го осуди рускиот напад на станбена зграда во Днипро, каде што загинаа повеќе од 40 лица, вклучувајќи и деца, а повеќе од 70 се ранети.

– Не постои оправдување ако континуирано се гранатираат цивилни цели. Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна – рече Османи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img