8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Москва најави протерување на 18 дипломати од мисијата на Европската унија во Русија

НАЈЧИТАНО

Москва денеска најави протерување на 18 дипломати од мисијата на Европската унија во Русија. Одлуката доаѓа како одговор на сличен потег преземен од Брисел по офанзивата на Кремљ во Украина.

„Како одговор на непријателските дејствија на Европската унија, 18 членови на Делегацијата на ЕУ во Русија се прогласени за персона нон грата и мора да ја напуштат руската територија што е можно поскоро“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Европската унија ја осуди „неоснованата одлука“ на Русија да протера 18 дипломати на Делегацијата на ЕУ во земјата, изјави портпаролот на ЕУ за надворешни работи Петер Стано.

– Европската унија изразува жалење за неоправданата, неоснована одлука на Руската Федерација да протера 18 членови на Делегацијата на Европската унија во Руската Федерација – рече Стано.

– Дипломатите на ЕУ за кои станува збор ги извршуваат своите функции во рамките и целосно почитувајќи ја Виенската конвенција за дипломатски односи – додаде тој.

Стано ја нарече одлуката на Русија „чист одмазднички чекор“ што „дополнително ќе ја продлабочи нејзината меѓународна изолација“.

– Европската унија продолжува силно да ја повикува Русија да престане со својата агресија врз Украина и да се врати на почитување на меѓународните правила и на кооперативен пристап во нејзините меѓународни односи – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО