8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Можно е до петок да се усогласиме за Цар Самоил

НАЈЧИТАНО

Разликата од претходно во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања е што работата се одвива во многу поконструктивна и позитивна атмосфера, што дава прогноза дека навистина брзо може да се дојде до усогласување и препораки за Цар Самоил и за средновековниот период, вели во изјава за Слободен печат, Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна во македонско-бугарската комисија.

Тој објаснува дека сѐ уште не е постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности, како што вчера во Софија најави бугарскиот премиер Кирил Петков, но, атмосферата во Комисијата наведува на оптимизам.

– Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за Цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби – вели Ѓоргиев.

Тој вели дека кога ќе ги усогласат заклучоците за Цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО