13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Можно е враќање на маските во Германија

НАЈЧИТАНО

Во Германија како дел од мерките за справување со пандемијата на ковид-19 можно е од октомври на сојузните покраини да им се овозможи да воведат обврска на населението за задолжително носење заштитни маски.

Министерството за правда на Германија се огласи по повод нацрт-законот за заштита од инфекции договорен со Министерството за здравство, а што е на сила до 23 септември.

Со напомена дека во есенските и зимските месеци се очекува пораст на бројот заболени од ковид-19, во соопштението се наведува дека се неопходни измени на Законот.

Нацрт-законот што вклучува нови правила, а што би требало да важи за периодот од 1 октомври годинава до 7 април 2023, во текот на овој месец ќе биде доставен до Владата.

Според измените, обврската за носење маски во воздушниот сообраќај и во јавниот превоз низ Германија ќе продолжи да важи и после 1 октомври.

Меѓу другото, на сојузните покраини ќе им биде оставена можноста да воведат мерки за задолжително носење маски на јавни места како би се обезбедило нормално функционирање на здравствениот систем.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО