Мобилните тимови на Царинската управа вчера на граничниот премин Деве Баир запленија 60 килограми опојна дрога марихуана, наменета за европскиот пазар

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Мобилните тимови на Царинската управа вчера на граничниот премин Деве Баир запленија 60 килограми опојна дрога марихуана, наменета за европскиот пазар. Со ова, како што соопштија од Царинската управа, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со дрога. Вредноста на запленетата дрога на нелегалниот пазар се проценува од 240.000 до 300.000 евра.

-Во попладневните часови на излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Секторот за контрола и истраги, при вршење на царинска контрола на автомобил со романски регистарски ознаки управувано од романски државјани, пронајде опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 60 килограми. Опојната дрога е пронајдена во специјално направени бункери во возилото, каде биле сокриени 64 пакети марихуана – се наведува во соопштение на Царинската управа.

Оттаму информираат дека дрогата и возилото се одземени, а лицата се приведени и предадени на Одделението за истраги за спроведување на понатамошна постапка. До надлежното Основно јавно обвинителство – Куманово против двете лица е поднесена кривична пријава и за истите е одредена мерка притвор.

Од Царината посочуваат дека во текот на минатата година е спречена нелегална трговија на над осум тони дрога и психотропни супстанци, со проценета вредност од 50,3 милиони евра на нелегалниот пазар.

-Исто така, во 2022 година Царинската управа бележи и двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија во сите категории во однос на 2021 година. Споредено со 2021 година, кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на заплени на: дроги и психотропни супстанци со проценета вредност од над 50 милиони евра, како и заплени на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Рекордна заплена на злато и девизи во вредност од 1 милион евра имаше неодамна, во втората половина на декември – потенцираат во соопштение.

Од Царинската управа посочуваат дека и оваа година ќе продолжат со силна фокусираност на борбата со сите облици организиран криминал, спречувањето нелегална трговија и заштита на општеството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img