16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Младата Сара Гигова со нова песна – „Ранливи“

НАЈЧИТАНО

По одличната „Ладно лето“ која ја објави пред неколку месеци, младата и талентирана пејачка Сара Гигова овојпат ја објавува новата тема со наслов „Ранливи“.

Станува збор за одлична балада која влегува во уво уште на прво слушање, а како за претходната, така и за оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски.

Младата Сара која важи за еден од поголемите таленти кои се појавиле на нашата музичка сцена во последно време, вели дека многу верува во оваа песна.

– Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина – вели младата Гигова.

Гигова и за оваа песна за видеоприказната соработуваше со режисерот Ѓорѓи Вацев, а истиот беше снимен во хотелот Хилтон, но и неколку локации во близина на нашиот главен град. Покрај Сара, во спотот се појавува и моделот Христијан Стојаноски.

Инаку Сара вели дека нема толку долго да чека до следната песна, бидејќи како што изјави, таа веќе размислува каде ќе бидат локациите за следниот спот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО