22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Мишел вели во клучен момент допатувал во Скопје

НАЈЧИТАНО

Северна Македонија ѝ припаѓа на Европската Унија, а вие самите одлучувате за вас и за вашите чекори, порача претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, по денешнета средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Скопје.

За Мишел, решението што произлегува од францускиот предлог е урамнетежено, а целта е да се започнат пристапните преговори.

– Ако кажете да, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните денови. Ќе следуваат следните чекори, ќе започне скрининг процесот, односно билатерален скрининг, ќе бидат повикани преговарачки тимови во Брисел и со овој предлог јасно дискутираме за македонскиот јазик. Исто така, свесни сме за загриженоста за националниот идентитет, можете да очекувате дека ќе стојам зад вашите легитимни права. Добрососедските односи се неопходни во процесот на проширување. Што се однесува до почитувањето на малцинствата, во договорот за ЕУ е зацртано, а вие сте одличен пример како тоа се почитува – посочи Мишел.

Тој посочи, дека суверен избор на Македонија е дали ќе се прифати францускиот предлог.

– Доаѓам во клучен момент. Ги споделив уверувањата дека иднината на моите три деца и иднината на сите наши деца ќе биде побезбедна, попроспиритетна со Западен Балкан во ЕУ. И на Европскиот совет го имаше истото чувство, кое ги инспирираше 27 земји членки да донесат таква одлука и да го унапредиме ЕУ. 27 лидери се сретнаа со лидерите на Западен Балкан, имавме искрен, отворен и тежок разговор. Тој беше мошне потребен. Се слушавме меѓусебно и формално одлучивме да внесеме нова динамика да продолжиме со Западен Балкан. Сакаме да се приклучите и целта е да го забрзаме прцеост – додаде Мишел.

Тој истакна дека во Скопје дошол како пријател, за да предупреди дека пред нас е прилика која не смееме да ја пропуштиме.

– Како пријател, сакам да ви кажам дека оваа можност е премногу важна за да се пропушти, не сме биле толку блиску како Македонци. Имате можност да кажете да за ЕУ, да за вашите деца вашата земја. Можете да сметате на полтиичка и финансиска поддршка. Почитувани Македонци, само заедно можеме да се соочиме со предизвиците, да живееме во проспиритет и безбедност – додаде додаде Мишел.

Со овој предлог јасно дискутираме и за македонскиот јазик, посочи Мишел.

– Тоа е ваш јазик и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик. Може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Советот на Европа дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права – рече Мишел.

Новиот европски предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието, што покажува дека Владата, јас како премиер и надлежните институции одговорно ги застапуваме државните интереси надвор и дома – рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи и дека доследно се држат до државните позиции во преговорите со Република Бугарија во секој поглед.

– Го штитиме јавниот интерес и македонскиот национален идентитет – рече Ковачевски додавајќи дека европскиот предлог што деновиве се дискутира во земјава е предлог во кој се вклучени нашите забелешки и јасно изразени ставови.

Предлогот, како што рече тој, со сите документи е јавно објавен, а најави оти ќе биде објавен и билатералниот протокол со Република Бугарија.

– Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во предлогот е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти. Го добивме она за што со години се бориме – чиста формулација на македонскиот јазик. Ние Македонците сме горди на својата историја, јазик и идентитет со сите свои аспекти. Македонскиот народ никој никогаш нема да го асимилира и тоа е факт – рече Ковачевски.

Тој додаде дека од нас зависи одлуката за иднината на државата и граѓаните. Граѓаните на Северна Македонија, како што посочи, заслужуваат да живеат како дел од европското семејство.

– Предлогот ги става и билатералните историски прашања надвор од преговарачката рамка. Отворените прашања со соседите треба да бидат затворени, но за тоа, има време, се додека не се изнајде праведно решение за двете страни. Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран во преговарачката рамка, тоа е билатерален документ кој не е дел до европскиот пакет, -појасни Ковачевски.

Меѓувладината конференција и скринингот, додаде, ќе може да ги реализираме без одлагање и без дополнителни услови. Овој конечен европски предлог, според премиерот, овозможува безусловен старт на преговорите на Република Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот Совет од март 2020 година.

– Да размислуваме рационално, мудро и одговорно, да мислиме на иднината на нашите деца. Сега е дојден моментот кога ќе ја оставиме дневната политика настрана и ќе се држиме до официјалните документи кои се достапни. Да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ – порача Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО