8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Мицотакис: Не смее да се попречи редот, да не се заборави Западен Балкан, прв приоритет е решавање на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија за да започнат преговорите на нашата земја со ЕУ

НАЈЧИТАНО

За евентуалната ЕУ перспектива на Украина и Молдавија, меѓу другото, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дискусија во рамките на 27-от Конгрес на Европската народна партија во Ротердам, каде што истакна дека сепак не смее да се попречи редот, да не се заборави Западен Балкан, посочувајќи дека прв приоритет е решавање на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија за да започнат преговорите на нашата земја со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека за еден месец ќе се одржи дебатата за идното членство на Молдавија и Украина во Европската унија, а потенцираше дека дискусијата „нема да биде лесна, бидејќи веќе чувствуваме дека има различни ставови во Европскиот совет“, но и дека го очекуваат мислењето на Европската комисија.

Тој додаде дека „ако навистина постои свет пред и по 24 февруари, ова мора да биде земено предвид кога размислуваме во однос на тоа колку сакаме да бидеме отворени за да им понудиме кандидатски статус на овие земји“.

– Од друга страна, не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен. И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Мицотакис.

Посочи дека мора да се препозна уникатноста на она што се случи во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО