16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Мицкоски: Референдум ќе има за спорен дел од преговарачката рамка,

НАЈЧИТАНО

Никој не споменува опција за референдум  за промена на Уставот. За Уставот браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за весникот „Вечер“.

Мицкоски вели дека во однос на референдумоското прашање, и тоа каков ќе биде референсумот задолжителен или консултатитвен се водат консултации.

-Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4 , којшто се повикува на билатералниот договор со Бугарија, членот 12 од истиот којшто, пак, е поврзан со протоколите што се потпишуваат еднаш годишно. Тоа е спорно за нас и тоа претставува потенцијална опасност дека ние во иднина повторно ќе имаме вето од Бугарија, доколку не промениме учебници под диктат на Бугарија. Тука се фокусираме во делот на референдумското изјаснување на граѓаните: Дали да се прифаќа или да не се прифаќа оваа содржина на преговарачката рамка, инаку за Уставот никој не спомнува опција за референдум. Уставот – браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е сосема нешто друго, ова е дали заедно со граѓаните, ние овој текст на преговарачката рамка ќе го прифатиме. Ако не го прифатиме, тогаш на Брисел ќе му кажеме – извинете на референдум излегоа толку и толку граѓани – овој текст не го прифаќаме ќе мора членот 5, алинеја 4, да го тргнете и да останат членовите кои се повикуваат на копенхашките критериуми и критериумите за процесот на стабилизација и асоцијација. А за билатералните спорови да биде исто како и за останатите 26 земји членки, сега плус Албанија, да си биде исто и за нас – вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека никакви притисоци нема да ги премислат пратениците да не дозволат промена на Уставот.

– Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет – вели Мицкоски.

Тој појаснува зошто смета дека првата меѓувладина седница беше само  фотосесија.

-Точно е, зошто еве не отворија кластер, зошто не ја усвоивме преговарачката рамка, па да речеме еве ќе преговараме под овие услови. Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка – вели Мицкоски.

Тој во интервјуто говори и за економските состојби во земјава како и за тоа дали ќе коалицира со ДУИ, ако на следните парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние сега зборуваме дали ќе го имаме условот Бадинтер или нема да го имаме. Доколку условно, ДУИ е политичката партија, којашто убедливо ќе победи, и нема никакви поинакви можности да се надомести условот Бадинтер, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме и тука немаме никаква дилема, и на тој начин ќе го сочуваме идентитетот, но ќе побараме од ДУИ да се коригира во своите постапки затоа што јас сум убеден дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ, ќе има повеќе од 61 пратеник, односно ќе имаме самите мнозинство. Но ако имаме друга можност, сценарио кое јас го посакувам, со албанските опозициски партии и други политички партии, тогаш ДУИ редно време е после повеќе години на власт да замине во опозиција- вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Вечер“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО