23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Мицкоски повика на масовен протест на 18 јуни

НАЈЧИТАНО

Ве повикува на општонароден протест на промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата затоа што живееме во време кога нормалниот живот станува луксуз, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– За повеќе од нормалното не може ни да се помисли во време кога живеачката станува сè поскапа, а семејниот буџет сè потенок. Ќе кажат кризата е увезена, но неспособноста на тие кои ја водат земјата е автентична, затоа и инфлацијата е двоцифрeна, затоа струјата е поскапена, затоа половина милион луѓе живеат во сиромаштија во нашата земја, и 90 илјади луѓе и овој месец работеа, но не земаа плата. И продолжувањето по таа патека значи сигурна пропаст без можност за поправка, точка од која нема враќање, губење на Македонија и која така веќе ја има сè помалку – рече тој.

Тој вели дека ова е негово обраќање во име на ВМРО-ДПМНЕ, но во својата суштина е надпартиско, обединувачко, неполитичко, со чиста емоција, јасна порака која треба да ечи „дека дојде часот, дека молкот во овие времиња не е опција, дека е премногу, а границите на разумот се надминати“.ие можат само полошо.

– И затоа велиме во еден глас ПРЕМНОГУ Е. Време е за промени. А, промената сме сите ние, секој од нас ја носи силата на промените, слободна индивидуа со свој став, своја верба, надеж за иднината која мора да ја донесеме. Ова се историски времиња, да не ја пропуштиме оваа шанса за вистинска пресвртница и спас на државата од сигурна пропаст. Постојат такви моменти кога е потребна одлучност и непоколеблива борба за вредностите во кои верувате. Затоа ќе се излие таа енергија низ улиците, маалата, градовите и селата. Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси. Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против владата затоа што ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТОТ Е ЗА ПРОМЕНИ. Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија – се наведува во обтаќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО