2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Мицкоски жали што премиерот не може да ја надмине суетата

НАЈЧИТАНО

Жалам што премиерот и министрите во владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, еднаш да го остават политиканството и да се стават на страната на државата и граѓаните, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го образложам концептот за оваа но и за следната година, како да се оптимира искористувањето на домашните ресурси и да се обезбеди ефтин енергенс, дезертираше, одби. Го повикав на ТВ дебата пред македонската јавност, повторно дезертираше, одби со изговор дека не било сега време. Го повикав и Фатмир Битиќи како одговорен за економски прашања во владата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одби да дојде и ме повика на економски совет да сум го презентирал концептот, бидејќи така успешно работеле за корона пандемијата итн…

Ако економскиот совет успешно го водевте, немаше во „4 очи” да коленичите по соседството и да молите милост да ви дадат. Ако економскиот совет беше успешен сега ќе обезбедевте струја за „ФЕНИ“ и за „Бучим“ и наместо клуч на врата ќе гореа печките како што горат за слични такви компании во соседството. Сте помислиле ли како им е сега на работниците кои останаа без работа и со болка во гради се мачат крај со крај да врзат за своите семејства, како да ја поминат зимата или тоа од црвените персијанци и кожните фотељи не се гледа јасно – прашува Мицкоски.

Доколку сакате да покажете дека не се точни информациите за големи провизии од увозот на мазут, транспортот преку инстант компании на јаглен и се уште нејасната конструкција за гасот и затоплување на граѓаните, тогаш ви стојам на располагање да ви го објаснам концептот што го нудам. Одберете тим и дојдете во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во време и ден кој вас ќе ви одговара. Немаме уште многу време…, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО