16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Мицкоски е против прогласување кризна состојба во енергетиката

НАЈЧИТАНО

Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со енергетската криза за да може да краде и да склучува тендери во 4 очи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, потенцирајќи дека постојат индиции за милионски криминал во јавно претпријатие, токму од такви тендери во 4 очи.

– Енергетската криза и справувањето со нејзе повеќе наликува на народната со штурецот кој си свиркал и кога дошло времето само останал гладен и не се подготвил за зимата. Така и власта како штурецот и се обидува на мала врате да протне состојба на енергетска криза за да може повторно да си склучува договори во 4 очи и да краде. Таков еден пример ни се случува изминативе 4 години со тендерот кој беше во 4 очи, а тоа е набавка на битумен за едно јавно претпријатие, каде што цистерната според пресметката која што комисиите во партијата ја направија чини фантастични близу 12.000 евра, а пред неколку недели сами ЈП Улици и патишта во Скопје сличен таков материјал набави за 11.000 евра помалку односно 1.200 евра – рече Мицкоски.

Тој посочи дека затоа се бараа оваа кризна состојба за да можат во 4 очи да купуваат електрична енергија, мазут да се носи по регионот и да се нудат проценти, и додаде дека тој е против, односно од партијата прво ќе се побара власта да одговори каде се потрошија прво парите под превез на енергетска криза, па потоа да се бара прогласување на нова.

– Јас сум против енергетската кризна состојба и ќе отворам внатрепартиска дебата и ќе разговарам и со пратеничката група. Најпрвин да видиме каде отидоа парите на граѓаните во изминатиов период, под превезот на енергетска криза. Да видиме колку тендери се потпишани во 4 очи, колку пари отидоа за ископ во РЕК Битола, колку пари отидоа за мазут во Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино, колку пари отидоа за поддршка на ликвидноста на поранешно ЕЛЕМ, за да набавува електрична енергија. Прво да се види каде отидоа народните пари, а потоа да зборуваме за поддршка за следната условно кажано кризна состојба, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека постојат индиции за криминал, односно дека 11.000 евра по цистерна за битумен е разликата помеѓу едно и друго јавно претпријатие.

– Едното е ЈП Улици и патишта другото е Македонија пат, каде е директор оној поранешен пратеник од СДСМ од скопска населба. Отприлика околу 11.000 евра е разлика по цистерна, односно криминалот е 3-4 милиони евра, имаме основано сомнение за тоа, потенцираше Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО