4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Мицкоски: Додека јас сум претседател нема да се смени Уставот за бугарските барања

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вети дека додека е тој претседател на партијата нема да има промена на уставот за да бидат бугарските барања дел од него, на денешниот протест пред владата.

– Да бидам јасен, 80 пратеника, две третини менуваат устав. Тоа зависи од ВМРО-ДПМНЕ и додека јас сум претседател нема да се смени уставот за да бидат бугарските барања дел од него – кажа Мицкоски.
Претходно, тој го повика премиерот Димитар Ковачевски да го одбие францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции. Според предлогот, пристапните преговори на ЕУ со Македонија нема да почнат додека не бидат внесени Бугарите во македонскиот устав.

За барањето за предвремени избори, Мицкоски кажа дека доколку нема договор за предвремени избори летово, ВМРО-ДПМНЕ ќе премине во фаза на целосна блокада на парламентот, но и блокада на институциите, патиштата, процедурите и системот, како и протести низ градовите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A...

Денешното рочиште за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот

Денешното рочиште за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Неговиот бранител попладнево испрати допис во кој ги објасни...

Украинските функционери добија забрана за одмор во странство

Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и на нивните сопруги, да одат на одмор во странство за време на...
spot_img
spot_img
spot_img