7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Мицкоски-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат заедно со администрацијата сето она кое што е во нивна надлежност

НАЈЧИТАНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека затоа што не гледа тоа дека го прави централната власт, одлучиле сите странски компании кои мигрираат од кризните региони Украина и Русија да дојдат овде во Македонија, да инвестираат, да отворат нови работни места.

– Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат заедно со администрацијата сето она кое што е во нивна надлежност, а очекуваме и да ја испровоцираат конечно оваа неспособна и криминална власт на реакција, па и тие да се загрижат за иднината на македонскиот граѓанин, на македонската економија. Да ги поканиме тие странски инвеститори кои што мигрираат од Украина и Русија, да дојдат овде во Македонија да инвестираат, да вработат македонски граѓани за добри примања, да отворат нови работни места и колку толку да ја ублажиме и онака тешката ситуација во која се наоѓа македонската економија поради овие настани кои што за жал ние геостратешки не можеме премногу да влијаеме – рече денеска Мицкоски.

Од она што го направиле како мапирање заедно со економскиот тим во партијата, увиделе дека веќе има инвеститори кои што се присутни во Македонија и мапирале такви пет компании ОДВ, Гентерм, Кромберт и Шуберт, Аптив.

– Ги задолжив градоначалниците од градовите Охрид, Битола, Илинден да испратат писмо до овие компании да дојдат и да инвестираат во Македонија, но не само од овие компании, туку и од сите градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ да упатат писмо до сите странски инвеститори кои што мигрираат од кризните региони во Украина и Русија, да дојдат да инвестираат во Македонија, а ние како добри домаќини ќе им овозможиме навистина убав амбиент во општините во кои се наоѓаат градоначалниците – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО