9.9 C
Ohrid
Thursday, December 8, 2022

Мицкоски го прифаќа неговиот предлог за референдумското прашање

НАЈЧИТАНО

Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум.

Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци одговарајќи на прашање по предлогот на Пендаровски околу формулирањето на прашањето за референдумот што го најавува опозицијата.

Мицкоски додаде дека е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување, а референдумот претставува највисок чин на демократијата во една држава.

– Граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина. Европската иднина и желбата на граѓаните, но и на политичките субјекти никогаш не било под знак прашање и немало дилема, туку само патот. Е, сега за жал оваа криминална Влада за практично да добие условно амнестија од меѓународната заедница за криминалот кој што го прави, нема проблем да распродава и да удоволува на определени бирократи во нивните барања. Но, мислам дека се движиме во правилна насока и еве ова што го кажа и Пендаровски, во таа насока да дадеме на граѓаните можност да одлучат каква да биде нивната европска иднина, дали ваква каква што ја нуди власта на СДСМ и ДУИ, или горда и достоинствена – нагласи Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО