8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Мицкоски ги повика Ковачевски и Пендаровски да не опструираат преку Џафери

НАЈЧИТАНО

Време е Владата која што се плаши, и претседателот кој што е многу исплашен е да го поддржат овој процес да не го опструираат сега преку Талат Џафери во Парламентот. Туку тие да дозволат најпрвин да се соберат тие 150.000 граѓански потписи, а потоа и да се оди на Референдум, каде што граѓаните ќе можат да ја кажат својата волја. Е тогаш ќе видиме каква ќе биде таа пропорција, дали е така или обратно“, истакна претседателот проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посета на општина Сопиште.

Мицкоски додаде дека реалноста која што ќе ја изберат граѓаните таа ќе треба да се прифати, затоа е потребно да се има Референдум и избори.

– Затоа еве ги повикувам да се охрабрат и да излезат и да поддржат едно вакво референдумско изјаснување – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека добрососедските односи се прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Но, во самиот Договор за добрососедство и пријателство нема ништо добрососедски, нити пријателски односи во изминатите две ипол – три години од страна на источниот сосед.

– Јас меѓународната заедница сум повторил и еве ќе кажам пак во оваа прилика ја почитувам, го почитувам мислењето и немам ништо против тоа што доаѓа како официјална позиција на Берлин, Вашингтон, Париз, Лондон, Брисел итн. Но, имам против тоа што доаѓа како официјална позиција на Софија затоа што таа позиција не е нити добрососедска, нити пријателска. И затоа да бидеме на сигурната страна, да бидеме овој пат самите тие кои што ќе одлучуваме, а не да веруваме на зборови, самите тие кои што ќе одлучуваат за својата иднина, повикувам на Референдум – појасни Мицкоски.

– Ние пред да дојдеме на позиција да зборуваме за Референдум ги гледавме сите можности како да го напуштиме овој хегемониски и асимилаторски договор, кој што секако не е како што му е името добрососедски и договор за пријателство. Постојат две опции, една опција е Владата без Референдум да го напушти преку министерот за надворешни работи, а тоа нема да се случи. Знаеме дека оваа Влада тоа не може да го направи. И втората опција е со граѓаните на Референдум, и затоа одлучивме да влеземе в оваа постапка на Референдум. Претходно правевме многу анкети, многу мерења на јавното мислење и од тие анкети можеме да заклучиме дека огромен процент на граѓаните и тоа повеќе од 60% од Македонците и повеќе од 50% од граѓаните се изјаснија дека поддржуваат Референдум и дека би излегле на таков Референдум да гласаат – посочи Мицкоски.

Тој додаде дека анкетите и јавното мислење на граѓаните тоа е доволна навигација за ВМРО-ДПМНЕ. И за тоа се одлучи да се оди чекор понатаму, а тоа е осмислување на прашање каде што ќе не може ако ги следи законите и собраниските процедури Талат Џафери да го избегне со образложение дека Собранието не е надлежно итн.

– И денеска колку што сум информиран иницијативата, граѓанската иницијатива која што ја предлагам јас го ополномоштив претходно координаторот на пратеничката група да ја достави до спикерот. Следен чекор е тој да ги информира двете собраниски комисии, комисијата за политички систем и Законодавно правна комисија, очекувам да во рокот од два дена и тие да се произнесат дека иницијативата е уредна, да се гласа и да почнеме да ги собираме тие 150.000 граѓански потписи. А, нормално во рок од 60 до 90 дена потоа да се случи и тој Референдум на кој што граѓаните ќе можат да се изјаснат. И тоа е врв на демократското право и врв на демократијата. Не би гледал зошто би бил некој од меѓународната заедница против едно такво изјаснување – нагласи Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО