4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Мицкоски ги објаснува мотивите за одржување референдум за договорот со Бугарија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Потребни се најмалку 910.000 гласачи, запишани во Единствениот избирачки список, да излезат на гласање, за да биде успешен референдумот за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, а потребно е повеќе од 50 отсто од нив да одговорат позитивно на референдумското прашање за тој Договор да престане да важи. Затоа, ги повикуваме властите да не ја опструираат иницијативата за референдум, ниту во Собранието, ниту со повикување на бојкот на гласачите. Ги повикуваме сите Македонци на едно семакедонско обединување, а бараме поддршка и од сите наши сограѓани, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и останати, да се солидаризираат со своите сограѓани Македонци, чиј идентитет е нападнат, и да излезат и да гласаат на референдумот – рече вчера на средба со новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Нападнат е нашиот македонски идентитет, а Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година е изворот на тој проблем. Тој договор е отровното дрво што носи отворни плодови, и затоа мора да го искорнеме. И самиот договор има член во кој се предвидуваат условите за негово напуштање. Според тој член, секоја од страните може да се повлече од договорот, со тоа што ќе ја извести другата страна една година претходно. Односно, откако ќе ја извести дека се повлекува, тој договор за една година престанува да важи. Прашање е за правните експерти што точно престанува да важи во таа една година – појасни Мицкоски.

Тој објасни зошто референдумското прашање ќе биде поставено така како што ќе е формулирано, иако рече дека за неговата дефинитивна верзија останува уште малку да се размисли, за некои конкретни термини. Со прашањето се бара поништување на Законот за ратификација со кој стапи во сила Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија потпишан во 2017 година.

– Прашањето го врзуваме со ратификацијата за да не може Собранието да се прогласи за ненадлежно за таа тема, затоа што договорот формално е потпишан од МНР и од Владата, а Законот за негова ратификација е донесен од пратениците во Собранието. Ако има демократско однесување, Владата и Собранието нема да се обидуваат да ја опстуираат иницијативата за распишување референдум, а владата ако сака може да ги повика луѓето да излезат на референдум, па ако треба и да гласаат против. Уверен сум дека граѓаните Албанци, Срби и други, ќе ги поддржат Македонците во овие тешки моменти, за разлика од Али Ахмети и ДУИ, кои направија пакт со Софија против нивните сограѓани Македонци – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека, без разлика дали референдумот ќе успее или не, тој и неговата партија во никој случај нема да гласаат за уставни измени со кои Бугарите би влегле во преамбулата на Уставот и референдумот не е поврзан со таа можност. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат првите што ќе се потпишат на иницијативата за референдум, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека референдумот не е антиевропски по својата природа. Тој соопшти дека слоганот за кампањата за референдумот ќе биде „Излези за Европа – не за асимилација“. Доколку референдумот биде успешен, смета Мицкоски, не значи дека ќе ги засегне можните преговори за членство во Унијата ниту усвоената Преговарачка рамка. Во Преговарачката рамка се спомнува самиот Договор за добрососедство со Бугарија, па дури и експлицитно се цитира негов член, како еден од условите за оценување на напредокот на земјата во процесот на преговори. Според Мицкоски смета, при евентуален успешен референдум ќе отпадне само челнот 5, алинеја 4, каде се спомнува Договорот со Бугарија, но Преговарачката рамка, која беше успогласена и прифатена од сите земји членки ја ЕУ, ќе може и натаму да се применува. Мицкоски рече дека вакво уверување добил од експерти по право и меѓународни односи со кои се консултирал.

– Точно е дека добрососедските односи се дел од Копенхашките критериуми за пристапување во ЕУ, но се поставува прашање како во 2008 година Бугарија има дадено позитивно мислење дека има добри соседски односи со Македонија, а исто така и во процесот на пристапување во НАТО не даде никакви забелешки за односите со Македонија, иако и таму добрососедските односи беа еден од условите? Јасно е дека овој договор е само изговор, кој се злоупотребува со цел да се наметне бугаризација на Македонија. Јас верувам во искрените намери на Брисел, Париз, Берлин и другите европски центри, но не ѝ верувам на Софија. Немаме ништо против Бугарите да бидат дел од Уставот, но со што Бугарија покажа дека е добар сосед, прашува Мицкоски и додава дека „тие упорно тврдат дека не постои македонскиот јазик и Македонците“.

Тој рече дека за иницијативата за референдумско изјаснување има поддршка од сите свои коалициски партнери, а очекува наскоро да се изјаснат и другите партии од опозицијата, како и помалите партнери од коалицијата на СДСМ, кои и досега искажаа резерви за договорот со Бугарија и за Преговарачката рамка за преговори со ЕУ.

Доколку нема опструкции од страна на институциите и од власта, и со запазување на сите рокови за собирање потсписи, Мицковски прогносира дека реален термин за одржување на референдумот би бил рано напролет. Референдумот не значи дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори, и според него, идеално би било тие да се одржат истовремено со референдумот.

– Референдумот, едноставно ќе биде тест на кој ќе се види дали заслужуваме држава или не – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од...

Загинаа 4 млади бразилски фудбалери

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри. Според информациите на бразилските медиуми,...

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A...
spot_img
spot_img
spot_img