4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Мистериозна смрт на руски спортист, пронајдено тело во воз

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Рускиот ММА борец Георги Гаглоев е пронајден мртов во вагонот на возот што сообраќал меѓу Москва и Владикавказ.

Гаглојев имал само 25 години, а можно е смртта да била и насилна. Неговото тело било откриено дури кога возот застанал во Ростов на Дон.

Рускиот борец е роден во Осетија, а во текот на кариерата имаше четири борби во кафез. Неговиот скор е само 1-3, а последен пат во рингот беше во март 2021 година, кога се натпреваруваше на турнирот „Олд гард фајтер клуб“.

Гаглоев беше познат и по тоа што апелираше до чеченскиот лидер Рамзан Кадиров да му помогне да ја најде тетка му.

„Спорт експрес“ наведува дека Гаглоев своевремено бил локален шампион на Северна Осетија во борење слободен стил и борба од рака, а набрзо се префрлил на ММА.

Гаглојев во текот на животот веќе имал проблеми со законот, но неговата смрт ќе остане мистерија до завршување на истрагата.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Компанијата Тесла загуби 140 милиони долари во биткоини

Компанијата „Тесла“ загуби 140 милиони долари од инвестиции во биткоини во 2022 година, јавува Би-Би-Си. Компанијата му потврди на американскиот регулатор дека изгубила вкупно 204...

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД СО ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“

По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Сашо Донев и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во...

ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ВО СПОРТОТ ПО ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска ги донесе решенијата за доделување на финасиски средства во областа на спортот, по претходно распишаните јавни повици: РЕШЕНИЕ...
spot_img
spot_img
spot_img